-->
-->
Ердоган: Турција „во секој момент“ може да нападне цели на ПКК и Силите за заштита на народот во Сирија
-->
Турција може „во секој момент“ да изврши напад врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) и сириските курдски Сили за заштита на народот во Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој ја осуди одлуката за патролирање на силите на меѓународната коалиција, предводена од САД, долж сириско-турската граница.
- Како што кажав и вчера - можеме да извршиме таму напад уште во текот на ноќта без предупредување. Ние не ги објавуваме плановите предвремено, давајќи им детали на терористичките организации. Тие знаат дека турската армија може да отиде таму во секој момент. Тие живеат во страв, а не ние, истакна Ердоган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена