Ердоган: Турција е подготвена да им помогне на бегалците од Мјанмар
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да им помогне на бегалците од Мјанмар.
- Муслиманските браќа се третирани многу лошо во Мјанмар, ги тераат да ги напуштат домовите. Ние треба да се ангажираме за да се избегне таквиот неправеден однос кон нив. Исто како и властите на Мјанмар и на Бангладеш, сакаме да работиме заедно, за да се избегне таква човечка драма, посочи Ердоган.
Тој додаде дека и на Рохинџите кои побарале засолниште во Бангладеш им е потребна помош.
- Им кажавме на властите во Бангладеш дека сакаме да помогнеме. Сите исламски народи треба заеднички да работат на превенција од насилство, посочи Ердоган.
Бунтовниците Рохинџи денеска прогласија едномесечно примирје со цел да се достави хуманитарна помош во сојузната мјанмарска држава Ракхајн.
Во судирите во северозападниот дел на Мјанмар, што почнаа на 25 август, загинаа стотици луѓе, а приближно 300.000 лица беа принудени да побегнат во соседен Бангладеш.
Групата муслимански бунтовници, која се нарекува Армија за спас на Рохинџите во Аракан на Твитер објави прекин на огнот и ги повика мјанмарските владини сили да преземат реципрочни мерки, за да се овозможи достава на хуманитарна помош.
Владата на Мјанмар се уште нема одговорено на понудата за примирје.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка