Ердоган ќе претседава со денешната седница на Владата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе претседава денеска со седница на Владата во претседателската палата во Анкара, јави Си-Ен-Ен Турк.
Ердоган прогласи вчера победа на референдумот за уставни измени, кои во Турција ќе воведат претседателски систем. Тоа е најголемата политичка промена во модерната историја на Турција.
Претходно турскиот премиер Бинали Јилдирим прогласи победа на референдумот.
Според него Турција свртела нова страница во својата демократска историја.
Обраќајќи се пред околу три илјади собрани приврзаници од балконот на седиштето на Партијата на правдата и развојот Јилдирим синоќа изјави дека последните прелиминарни резултати покажале дека на референдумот победиле оние кои гласале „за“ уставните измени.
- Ова е одлука на народот. Во нашата демократска историја, свртена е нова страница, додаде Јилдирим.
Тој нагласи дека последниот збор го има народот, а народот гласал за измени.
Јилдирим порача дека исходот од референдумот е најдобар одговор за оние, кои стојат зад неуспешниот обид за воен удар во Турција, во јули минатата година.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг