Ердоган ќе ја тужи германската издавачка куќа „Аксел Шпрингер“

Адвокатот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе покрене судска постапка против директорот на една од најголемите германски издавачки куќи „Аксел Шпрингер“.
Директорот на „Аксел Шпрингер“ Матијас Дефнер изрази солидарност со телевизискиот комичар кој напиша песна во која се исмева турскиот претседател.
Адвокатот на Ердоган, Ралф Хекер денеска изјави дека поднел барање до регионалниот суд во Келн бидејќи Дефнер повторил некои од обвиненијата против турскиот претседател од песната.
Хекер наведе дека судот веќе го замолчил филмскиот режисер, кој направи видео инспирирано од песната.
Авторот на песната, телевизискиот комичат Јан Бемерман е под истрага поради сомневање дека навредил странски шеф на држава. Според германскиот закон за истрагата за оваа кривично дело потребна е дозвола од Владата. Германската Влада дала таква дозвола.
Ново на Сител
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
