Ердоган ја одобри одлуката на Парламентот за распоредување турски воени сили во Катар
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја одобри одлуката на Парламентот за распоредување турски воени сили во Катар, што претставува знак за поддршка за земјата од Персискиот Залив која е исправена пред изолација од другите арапски држави заради својата претпоставена поддршка на тероризмот, пренесоа британските медиуми.
Турскиот Парламент во средата го усвои законот, а Ердоган веднаш го одобрил, што стана познато синоќа преку соопштение на неговиот кабинет, а одлуката веќе денеска беше објавена и во турскиот службен весник.
Ердоган доцна синоќа ја е ратификувал и спогодбата меѓу Турција и Катар за соработка во воената обука. Двата закона беа изготвени пред избувнување на кризата со Катар.
Турција, исто така, вети дека со храна и вода ќе ја снабдува оваа сега изолирана арапска држава.
Турскиот претседател изјави дека преземените мерки кон Катар нема да доведат до решение на проблемите. Ердоган, кој одамна се обидува да ја игра улогата на посредник во регионот, вели дека Анкара ќе направи се што е во нејзина моќ за да помогне во надминување на кризата.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска