Ердоган го повлече предлог-законот за сексуално злоставување
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го повеле предлог-законот со кој мажите кои силуваат малолетни девојчиња би биле ослободени од обвинение во случај да склучат брак со истите, јави „Би-Би-Си“.
Завчера илјадници демонстраните се собраа во Истанбул и Анкара со цел да протестираат за законот на Ердоган со кој би се легализирало злоставувањето на девојчиња помлади од 15 години.
Според предлог-законот, во случај на злоставување на малолетничка сторителот не би бил казнет доколку стапи во брак со жртвата.
Исто така, доколку законот стапеше во сила, над илјадници сексуални злосторници ќе беа помилувани.
Демонострантите на улиците во најголемите турски градови сакаа да укажат на фактот дека овој закон е всушност повик за силувачите да извршат што повеќе силувања на девојчиња.
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници