Ердоган: Германија ќе изврши самоубиство, доколку не ми дозволи да говорам пред Турците на нејзина територија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави пред германскиот неделник „Цајт“ дека Германија ќе изврши самоубиство доколку не му дозволи да говори пред Турците на нејзина територија за време на неговата посета на земјата на самитот на Г-20, кој почнува в петок.
- Германија извршува самоубиство. Германија треба да ја поправи таа грешка, рече Ердоган.
Тој истакна дека се додека Германија не ги екстрадира во Турција поддржувачите на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Анкара ќе ја смета Германија за земја, која ги заштитува терористите.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен за организирање на обидот за воен удар во Турција во јули минатата година. Ѓулен ги отфрла овие обвинувања.
Истовремено Ердоган изјави дека Германија и Турција имаат потреба една од друга и оти на лично ниво тој нема проблем со канцеларот Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана