Ердоган: Договорите меѓу САД и Турција стануваат неважечки

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека односите меѓу САД и Турција се крајно влошени, откако американски суд во средата осуди директор на турската „Халк банка“, Мехмет Хакан Атила за кршење на санкциите кон Иран.
- Ако Американците вака ја разбираат правдата, тогаш светот е готов. Нека ми простат САД, но законите за нашите билатерални врски и билатералните договори меѓу нас ја губат својата валидност. Јас жалам за тоа, но така ќе биде од сега, па натаму. САД вршат серија на заговори, кои не се само правни, туку и економски, изјави Ердоган.
Како што јави МИА, турското Министерство за надворешни работи исто така реагираше по пресудата за Атила, велејќи дека одлуката на Судот во Њујорк е мешање во внатрешните работи на Турција.
Атила беше обвинет за организирање на низа договори за трговија со злато и храна со кои се избегнале санкциите воведени кон Иран и им се овозможило на Иранците да тргуваат со други држави.
Според Турција, клучниот сведок во процесот против Атила е дел од мрежата на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Турција го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во јули 2016.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
