Епска битка со фрижидер при обид за кражба на пиво

На сите ни е познато дека воопшто не е лесно кога ќе не „нападне“ жедта и ако не можеме да дојдеме до нашиот омилен пијалак нашиот избор е или да останеме жедни или да се задоволиме со нешто друго.
Со ваква дилема се соочиле двајца жители на Белград, кои во наплив на жед, решиле да се „се послужат“ со пиво од заклучениот фрижидер на една затворена продавница.
За нивна несреќа сето тоа го снимала надзорната камера, а бруката да биде поголема тие целосно се избламирале при обидот да го обијат фрижидерот.
Едниот од несудените крадци очигледно ја „потценил“ својата сила и додека се обидувал насилно да ја отвори вратата, фрижидерот го „нокаутирал“.
Неможејќи да се помират со поразот во „битката со фрижидерот“, двајцата крадци подцна се вратиле на местото на настанот и се обиделе да го обијат вториот ладилник, но и овој пат без успех.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
