Живот
1. јуни 2016 - 9:54

Епска битка со фрижидер при обид за кражба на пиво

На сите ни е познато дека воопшто не е лесно кога ќе не „нападне“ жедта и ако не можеме да дојдеме до нашиот омилен пијалак нашиот избор е или да останеме жедни или да се задоволиме со нешто друго.

Со ваква дилема се соочиле двајца жители на Белград, кои во наплив на жед, решиле да се „се послужат“ со пиво од заклучениот фрижидер на една затворена продавница.

За нивна несреќа сето тоа го снимала надзорната камера, а бруката да биде поголема тие целосно се избламирале при обидот да го обијат фрижидерот. 

Едниот од несудените крадци очигледно ја „потценил“ својата сила и додека се обидувал насилно да ја отвори вратата, фрижидерот го „нокаутирал“.

Неможејќи да се помират со поразот во „битката со фрижидерот“, двајцата крадци подцна се вратиле на местото на настанот и се обиделе да го обијат вториот ладилник, но и овој пат без успех.