-->
-->
ЕП ракомет 2020: Брестовац: Мора да ја подобриме играта со играч повеќе
-->
Оптимизам е присутен во редовите на македонските ракометари во пресрет на последниот дуел, особено што со победа над Австрија над два разлика (може и еден), а не повеќе од четири тогаш во следната фаза Македонија покрај пласманот ќе пренесе и два бода.
- Пред првенството искрено стравува за одбраната особено по повредата на Велко Маркоски и многу повеќе внимание обрнувавме токму на одбраната и сега за сега функционира многу подобро од нападот, каде имаме проблеми. Тешко реализираме играч имаме неточни додавања и удари. Малку е време за нешто да се корегира, но наша главна цел ќе биде да ги спуштиме Австријците на 24-25 за да можеме да стигнеме до победа. Инаку, ни одговара и победа од еден разлика, но со најмалку 33 голови, но тоа е тешко остварливо според тоа како играат двете селекции, изјави селекторот Данило Брестовац.
Македонија попладнево од 18:15 часот го игра последниот дуел од Б групата во Виена против ко-домаќинот Виена. Во вториот дуел од 20:30 часот играат Украина и Чешка.
Од Виена
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог