Енрике: Не е време за експерименти во Шпанија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике јасно покажа каков е неговиот приоритет при почетокот на квалификациските натпревари за ЕП 2020.
Тренерот прокоментира дека судирите против Норвешка и Малта не се добар момент за експерименти со „фуријата“, бидејќи во нив мора да брка задолжителни 2 победи.
Вечерва од 20,45 часот по македонско време, Шпанците ја пречекуваат Норвешка на „Местаља“ во Валенсија, додека на 26-ти март одат на посета на Малта во Валета.
– Не сме притиснати од рокови во кои треба да го составам тимот, иако јас би сакал да располагам со фиксни 11 или барем со одредени играчи. Процесот ќе биде долг, сега има два официјални меча и нема време за проверки или експерименти. Би сакал да имам 23 јасни играчи и цврста „единаесеторка“, изјави Енрике на пресот пред дуелот.
Тој вели дека во иднина ќе прави повеќе експерименти, но сега има должност да запише две победи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
