Тенис
18. January 2017 - 18:04

Енди Мареј без проблеми во третото коло на Австралија Опен

 
 
 Најдобро рангираниот светски тенисер во моментов, Енди Мареј без поголеми проблеми обезбеди пласман во 3.коло на првиот овогодишен Гренд слем турнир „Австралија опен“.
 
Во последниот меч од денешната програмата Мареј го совлада Андреј Рублев од Русија со максимални 3:0 по сетови 6:3, 6:0 и 6:2 во мечот кој траеше 1 час и 38 минути.
  
Следен противник на Британецот ќе биде Американецот Сем Квери, кој славеше лесна победа над Де Минаур со 3:0 во сетови.