Емотивна исповед на Цеца за животот со Аркан: Тој човек смееше се’
За српската пејачка Цеца јануари е најтежок месец бидејќи ја врзува со повеќе трауматични настани од нејзиниот живот. На 15, јануари годинава навршуваат 18 години од смртта на нејзиниот споруг Жељко Ражњатовиќ Аркан, а таа вели дека иако минало многу време, датумите не се забораваат и секоја година станува се потешка.
– Доаѓа јануари, па роденденот на Жељко, па годишнината од нашиот брак… Датумите не се забораваат, болката, стресот остануваат во тебе. Сметам дека на моите деца еден родител им беше неправедно одземен.
– За него слушнав се и сешто пред да го запознаам, а похрабро суштество од него се уште не сум запознала. Тој човек смееше се’! Како жената да не се заљуби во него. Но не беше само тоа во прашање, беше многу интелигентен. А кога требаше беше и многу нежен, вели Цеца за српски Телеграф.
– Пред него немав никаков допир со „светот на мангупите“. Пред да го запознаам се дружев со колегите од естрадата. Се омажив со него од голема љубов и му родив две деца. Тие се уште се центарот на мојот свет. Не можам да кажам дека од крајот на тој брак не сум имала врска. Имало и посериозни и помалку сериозни, но ниту една не прерасна во брак. Тоа никогаш не ми паднало на памет. Сеуште со голема гордост и среќа можам да зборувам за мојот брак со Жељко бидејќи беше основан на голема љубов, вели меѓу другото српската пејачка
Ново на Сител
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
