-->
-->
Еминем му се нафрли на Трамп, со дуксери на македонски јазик
-->

Американскиот рапер Еминем сними политички мотивиран спот во кој се нафрла врз американскиот претседател Доналд Трамп. Но еден детал во спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, предизвика реакции на социјалните мрежи.
Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот“ на македонски јазик. Вестсајд Ган, преку неговата компанија „Гризелда рекордс“, продава мајци и дуксери со натписот "семоќниот".
Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
