-->
-->
Елена Ристеска побарала заштита од полицијата - стравував за својот живот
-->

Поп-ѕвездата Елена Ристеска пред неколку години била принудена да побара заштита од полицијата откако повозрасен човек со денови ја вознемирувал, пишува Женски магазин.
- Ми пишуваше дека вселената нѐ предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта кои нѐ вознемируваат, објасни Ристеска пред неколку месеци.
Низ годините ѝ се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки. На автомобилот често наидувала на пораки на кои пишува: „Елена те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“.
- Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Кога ќе се налутат ми пишуваат навредливи коментари. Има личности кои ми пишуваат преку триесет пораки дневно, раскажа пејачката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
