-->
-->
Еквадорци изгласаа ограничување на бројот на претседателски мандати
-->
Државјаните на Еквадор на вчерашниот референдум се изјаснија за ограничување на два претседателски мандати, покажуваат првичните резултати соопштени од Националниот избирачки совет.
Околу две третини од оние кои гласаа се изјасниле за уставна измена, со која ќе се ограничи бројот на претседателските мандати на два. Само за два мандати ќе можат да бидат избрани и други лица на државни функции.
Резултатот се смета за успех на претседателот Ленин Морено, кој го иницираше референдумот, а претставува удар за поранешниот шеф на државата Рафаел Кореа, кој во 2015 година го укина ограничувањето на мандатите.
По вчерашната одлука, Кореа нема можност да се врати на власт, откако беше претседател во три мандати од 2007 до 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден