-->
-->
Експлозија во Атина
-->

Експлозивна направа била поставена синоќа во центарот на Атина во близина на Министерството за труд на Грција.
Од експлозијата е предизвикана мала материјална штета, јавуваат медиумите.
На експлозијата и претходел анонимен телефонски повик во весникот „Ефимерида тон сидактон“ со предупредување дека е поставена бомба, која ќе експлодира за 40 минути.
Од грчката полиција соопштија дека веднаш откако биле информирани од весникот, го затвориле просторот, а експлозијата се случила во 1.29 часот.
Неофицијално, експлозивниот механизам бил поставен во ранец оставен на тротоар во строгиот центар на Атина наспроти влезот на Министерството и во близина на банка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
