Курти убедливо победи на вонредните избори во Косово

Партијата на премиерот Албин Курти победи на вчерашните парламентарни избори во Косово, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила близу 50 отсто од гласовите, што потенцијално би можело да го прекине политичкиот застој кој ја парализираше земјата.
Централната изборна комисија објави дека партијата „Самоопределување“ освоила 49,79 отсто од гласовите откако беа пребројани ливчињата на околу 95 отсто од избирачките места. Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го зазедоа второто и третото место со 21,18 отсто, односно 13,77 отсто, додаде комисијата.
– Мораме да дејствуваме што е можно побрзо за да ги воспоставиме институциите, изјави Курти по објавувањето на прелиминарните резултати. Притоа, тој ги повика опозициските партии на соработка во парламентот „во интерес на граѓаните и народот“ на Косово.
На изборите одржани на 9 февруари, неговата партија освои 42 отсто од гласовите, што не успеа да ја прекине политичката криза бидејќи не беше формирана влада, па жителите на Косово мораа повторно да излезат на гласање. Конечните резултати ќе бидат официјално објавени по пребројувањето на гласовите од дијаспората.
За самостојно функционирање на владата, на партијата ѝ е потребно да обезбеди 61 место во парламентот од вкупно 120 места. На изборите излегоа околу 45 отсто од запишаните гласачи, што е повеќе отколку во февруари, кога излезноста беше 40,6 отсто.
Уште еден неуспех во формирањето на влада и повторното свикување на парламентот би ја продолжило кризата во клучен момент. Пратениците мора да изберат нов претседател и да ратификуваат кредитни договори во вредност од една милијарда евра со Европската Унија и Светската банка, кои ќе истечат во наредните месеци.
Опозициските партии одбија да владеат со Курти, критикувајќи ги неговите врски со западните сојузници, како и неговиот пристап кон етнички поделениот север каде живее српското малцинство. Курти ја обвинува опозицијата за политичкиот застој.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
-

Престанок на забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево
-

Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци
-

54-годишник од кочанско покрај нива пронашол неексплодирана граната
-

Руте: Тензиите околу Гренланд не би требало да го одвратат вниманието на Европа и САД од Украина
