ЕК: Не блокираме извоз на вакцини без причина
– Портпаролите на Европската Комисија денеска повторно се објаснуваа пред медиумите за одлуката на ЕУ да се блокира извозот на вакцини кон трети земји, Брисел порачува дека тоа го прави со добра причина.
Поради тоа што АстраЗенека не ги почитува договорите склучени со Европската Комисија и земјите членки на ЕУ се активира механизмот за блокирање на извоз на дози кон трети земји, објасни Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.
-Јасно кажавме дека инсистираме АстраЗенека да ги почитува своите ветувања, претседателката дури го назначи Тиери Бретон за да ги води дискусиите со компаниите, но ова не е прашање само на една компанија, туку на глобална рамнотежа помеѓу извозот и испораката на дози, нашата цел не е да блокираме за да блокираме туку за да се осигураме дека компаниите ќе испорачаат тоа што е предвидено во договорите, изјави Мамер.
Тој истакна исто така дека АстраЗенека е “екстремно важна“ во стратегијата на вакцинација на ЕУ, но и дека ЕУ има договори со голем број други компании.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи