-->
-->
Египетската војска уништи два прекугранични тунела
-->

Египетската армија уништи два прекугранични тунела, што ги поврзуваат египетскиот полуостров Синај со Појасот Газа кој е под блокада, соопшти портпарол на египетската војска.
Во соопштение од војската се наведува дека се урнати влезови во два тунела во рамки на акција на египетските сили во градот Рафах, во северниот дел на Синај.
Како што е наведено, шест екстремисти се убиени и 29 осомничени лица се приведени.
Египетската армија од средината на јануари уништи вкупно 21 прекуграничен тунел долж границата со Појасот Газа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
