-->
-->
ЕФЛ куп: Ливерпул и Хал полуфиналисти
-->
Премиерлигашите Ливерпул и Хал изборија пласман во полуфиналето на ЕФЛ купот (Лига куп), откако во четвртфиналето одиграно синоќа ги елиминираа членовите на Чемпионшип лигата, Лидс и Њукасл.
Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 го победи Лидс со головите на Дивок Ориги и Бен Вудбурн.
Хал и Њукасл по 90 минути одиграа без голови 0:0, а по продолжението резултатот беше 1:1. По изведувањето на пеналите поуспешен беше домаќинот Хал кој победи со 3:1 на пенали.
Вечерва се играат другите два четвртфинални дуела:
Арсенал – Саутемптон и
Манчестер Јунајтед – Вест Хем.
Двојките за полуфиналето ќе бидат извлечени по завршувањето на денешните натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце