Едукативна кампања против употреба на пиротехнички средства
Полициски службеници од Одделението за превенција и волонтери на Црвениот крст вршат едукативни предавања за ризици од употреба на пиротехнички средства во основните училишта во Струга.
Кампањата е под мотото „Биди ѕвезда, не фрлај петарди“, а најмладите, како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, ќе бидат запознаени со опасностите и последиците што може да се предизвикаат од користење пиротехнички средства.
Во изјава за МИА тој потенцира дека на најмладите им се укажува оти со користење пиротехника лицата се изложени на опасност од изгореници на рацете и лицето, очите и дишните патишта, опасност од експлозија, нагрденост на лицето, можни психички трауми…
– Целта на кампањата е едукација и подигнување на јавната свест кај граѓаните посебно кај младата популација за опасностите од нелегална употреба на петардите и друга пиротехника, истакна Димоски.
Во рамките на кампањата, посочи, ќе бидат нагласени начините на превенција и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните.
– Купувањето и активирањето петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до три години, а родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра, доколку нивните деца испукуваат петарди, изјави Димоски.
Во рамките на капмањата „Ризици од употреба на пиротехнички средства“ едукативни предавања се одржуваат и во основните училишта во општините Охрид, Дебар и Кичево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден