Едукативен ден за здравјето и убавината на современата жена

Агенција „Марили“ во рамки на годинашниот избор на 10 најуспешни жени менаџерки, денеска организираат тематски ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“.
Овој тематски ден, што се одржува трета година по ред, е посветен на современата жена која во секојдневната трка помеѓу домашните и работните обврски заборава на своето здравје, на својата нега и убавина.
Според организаторот целта е жената во едно попладне да може да се едуцира, да се информира, да се дружи и забавува заради што е подготвена целосна програма.
Ова е едукативен ден со бројни информации и едукации за здравјето и убавината на современата жена. Ќе има предавања од областа на медицина, стоматологија, фармација, дерматологија, козметологија, бизнис психологија и мода.
Утре ќе бидат прогласени 10-те најсупешни жеи менаџерки од земјава и дијаспората.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
