Едно лице загина, неколкумина исчезнати при уривањето зграда во Хаг

Во експлозија и пожар што утрово резултираа со уривање на зграда во Хаг, Холандија, загина едно лице, три се повредени, а неколкумина се водат како исчезнати, изјави градоначалникот на градот Јан ван Занен.
На прес-конференција, тој посочи дека исчезнатите се веројатно затрупани под урнатините.
– Шансите да ги пронајдеме живи се многу мали, рече градоначалникот.
Причината за несреќата, која се случила околу 6 часот утрово по локално време, засега не е позната. Според првичните информации, се слушнала помала експлозија, по што следела поголема.
Полицијата апелира до сите што забележале сомнителни активности или имаат видео-снимки од местото на несреќата, да се јават со информации.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека делот од зградата каде се наоѓале пет станови е целосно разрушен.
Премиерот Дик Шоф изрази шокираност и понуди помош за локалните власти.
Ново на Сител
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
