Едно лице потешко повредено, а четири полесно во 10 сообраќајќи вчера во Скопје
Десет сообраќајни несреќи се случиле вчера на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, четири со лесни повреди, а во пет имало материјална штета.
МВР соопшти дека од преземените мерки и активности констатирано е дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а десет возачи се исклучени од сообраќај, бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Поради истечена важност на сообраќајната дозвола од сообраќај се исклучени осум возила. Еден возач е санкциониран бидејќи поминал крстосница на црвено светло. Во однос на пешаците санкционирани се 23 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 101 мандатни платни налози, додека 96 возила се подигнати со „Пајак", информира МВР.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија