Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран

Единствениот реформски кандидат на претседателските избори во Иран е во водство при преброени повеќе од 14 милиони гласачки ливчиња по вчерашното гласање, објави иранската државна телевизија.
Реформаторот Масуд Пезешкијан во оваа фаза доби 5,9 милиони гласови, додека неговиот противник Саид Џалили доби 5,5 милиони гласови. Засега нема податоци за излезноста на гласачите.
Другите двајца кандидати, парламентарниот спикер Мохамед Багер Галибаф и шиитскиот свештеник Мостафа Пурмохамади, во оваа фаза добија 1,89 милиони и 111. 900 гласови.
Гласачите имаа избор меѓу тројца тврдокорни (хардлајнери) и еден реформист, кој е кардиохирург. На жените не им беше дозволено да се кандидираат за функцијата.
До гласањето дојде откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со неколку други официјални лица во мај.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
