Единаесет возила во полошко исклучени од сообраќај поради емитување штетни издувни гасови

Единаесет возила што емитувале штетни издувни гасови повеќе од дозволената граница биле исклучени од сообраќај од страна на полицијата при контролите во полошко во изминатите пет денови, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Оваа активност на полицијата е дел од засилените контроли за техничката исправност на возилата во регионот што почнала од 20 овој месец.
- Согласно член 42 од Законот за возила на сопствениците од технички неисправните возила за случаите кога станува збор за издувните гасови изготвени им се прекршочни платни налози, а глобата за овој вид прекршок изнесува 120 евра во денарска противвредност. Доколку возилото е сопственост на правно лице предвидена е соодветна глоба и за одговорното и правното лице. Контролните активности ќе продолжат и наредниот месец во функција на намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот и на вкупната аерозагаденост на подрачјето, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
