Еден загинат во сообраќајка меѓу комбе и автобус на патот Велес - Штип
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар помеѓу комби и автобус.
Како што информираше Верољуб Додевски од СВР Велес, има еден загинат и повеќе повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.
На местото на настанот имаат и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот. Полицијата врши увид на местото на настанот.
Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.
Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделение на велешката болница, а помага и противпожарната единица.
Полицијата врши увид и засега не соопштува детали за несреќата која се случила околу 20.20 часот кај село Мамутчево кај клучката за Ново Село на регионалниот пат Велес – Штип. Информации засега нема ни од дежурните лекари во Општата болница Велес.
Ново на Сител
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники