ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина

Европскиот суд за човекови права (European Court of Human Rights) денеска донесе две пресуди против Русија, во кои се наведува дека земјата го прекршила меѓународното право во Украина.
Првпат Русија од инвазијата врз Украина во 2022 година е прогласена за виновна за кршење на човековите права.
Во првата пресуда Русија со инвазијата врз Украина во 2022 година одговорна за злоупотреби на човековите права од целосната инвазија во 2022 година.
Во другата пресуда се наведува дека Русија стои зад соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, на летот MХ17 од Амстердам до Куала Лумпур, кога загинаа 298 лица.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Обединети нации во мај ја прогласи Русија за одговорна за несреќата, а судот во Стразбур претходно процени дека Русија имала ефективна контрола врз областа.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски минатиот месец потпиша договор со Советот на Европа за формирање Специјален суд за гонење и судење на одговорните за „злосторничката агресија врз Украина“.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
