Џорџ Буш Постариот се извини за тоа што „несакајќи“ ја допрел Хедер Линд по задникот

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Постариот синоќа повторно се извини за инцидентот, при кој, како што тврди, случајно ја допрел глумицата Хедер Линд за задникот, додека позирале за фотографија.
- На 93-годишна возраст, претседателот Буш се движи со ортопедска количка веќе пет години, и затоа раката му паднала на долниот дел од телото на луѓето со кои се фотографирал, се вели во соопштението од канцеларијата на Буш.
Во соопштението се посочува дека тој „понекогаш ги потчукнува жените одзади на сосем добродушен начин“.
- Некои го сметаат тоа за невино, а други, очигледно за неумесно. Претседателот Буш најискрено се извинува на сите кои се чувствуваат навредени, се вели во известувањето.
Буш претходно веќе се извини, откако Линд рече дека тој „ја допрел одзади, од својата ортопедска количка додека неговата сопруга Барбара Буш бил до него", а подоцна изјавуваше дека и кажувал и безобразни шеги.
Ново на Сител
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
