Џонсон: Саудиска Арабија и Иран се марионети
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон ја обвини Саудиска Арабија, која е британски сојузник, дека се вклучува во „посреднички војни“ на Блискиот Исток, јави Би-Би-Си.
Весникот „Гардијан“ објави видеоснимка од конференција во Рим на која Џонсон вели дека Саудиска Арабија и Иран „се марионети поради недостиг на силно лидерство“.
- Постојат политичари кои ја злоупотребуваат религијата и различните струи на една иста вера во корист на остварување на политички цели. Тоа е еден од најголемите политички проблеми во целиот регион и е трагедија за мене. И тоа е една од причините зошто постојат „посреднички војни“ против кои постојано се бориме, рече Џонсон.
Коментирајќи ја изјавата на Џонсон, портпаролот на британското Министерство за надворешни работи рече дека министерот бил мошне јасен кога рекол дека Велика Британија е сојузник со Саудиска Арабија и дека ја поддржува во напорите да ги обезбеди границите и да го заштити народот.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи