Џои Честнат си ја врати титулата во брзо јадење хот-дог, постави и нов рекорд
Американецот Џои Честнат си ја врати шампионската титула во брзо јадење хот-дог.
Триесет и две годишниот жител на Сан Хозе, Калифорнија изеде вчера 70 хот-дог сендвичи за десет минути на меѓународен натпревар по повод Денот на независноста на САД.
По традиција, натпреварот за најбрзо јадење хот-дог се одржува на Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк.
Честнат, наречен - Ајкула, стана шампион по десетти пат враќајќи си ја титулата која минатата година ја доби Мат Стоуни, исто така од Сан Хозе кој успеа да изеде 62 сендвича хот-дог за 10 минути.
Претходно, Честнат осум години по ред беше неприкосновен на натпреварот.
Пред машкиот турнир, имаше и натпревар за жени. На него победи 30-годишната Мики Судо од Лас Вегас која за 10 минути успеа да изеде 38,5 сендвичи хот-дог и трета година по ред е шампион.
Чеснат и Судо ќе добијат награда од по 10.000 долари и шампионски појас со боја на сенф.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден