ОН: Џихадистите во Ирак убија стотици лица и регрутираат деца

Терористите од групата Исламска држава во своето упориште во Мосул убија над 50 дезертери и 180 поранешни државни службеници, соопшти денеска, портпаролката на ОН за човекови права, Равина Шамдасани.
- Џихадистите пренесоа 1.600 луѓе од градот Хамам ел Алили во Тал Афар. Постои можност тие да бидат искористени како жив штит. А, можно е и дел од нив да се веќе префрлени во Сирија, рече Шамдасани.
Според неа, во средата ИД одвела 150 семејства од Хамам ел Алили во Мосул.
- Екстремистите им викале на локланите жители дека мораат да ги предадат децата, посебно момчињата постари од девет години, најверојатно сакајќи да ги користат како војници, изјави портпаролката.
Според проценките, ИД во Тал Афар држи приближно 400 жени како заложници, а можно е во Мосул да има 200 убиени.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
