Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина
Директорот на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија во Њујорк, професор Џефри Сакс, денеска изјави дека таканаречените „четворицата мускетари“, односно Велика Британија, Франција, Германија и Полска, нема да можат да обезбедат воена победа за Украина.
- Европските политичари се обидуваат да играат „цврсти момци“. Иако, строго кажано, целата ЕУ не е таква, туку Велика Британија, Франција, Германија и Полска – таканаречените „четири мускетари“ кои имаат намера да ја продолжат борбата против Русија, рече Сакс во интервју за ТАСС.
Според него, реториката на четирите земји се сведува на фактот дека мора да се вооружат, не смеат да попуштат, не смеат да прават компромиси.
- Тие всушност сега го задаваат тонот. Но, дали ќе можат да ги поткрепат овие изјави со вистинска воена помош за Украина и други акции? Не, во таа смисла, не, рече тој.
Сакс оцени дека овие земји не можат да обезбедат воена победа за Украина и дека тоа е „апсолутно јасно“.
Тој, исто така, истакна дека тие не успеале да го сторат тоа дури и кога САД биле „целосно на нивна страна“.
- А сега САД нема доследно да ја поддржуваат антируската воена линија, додаде светски познатиот економист и професор на универзитетот Колумбија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини