Џастин Тимберлејк проговори за своето второ дете со глумицата Џесика Бил
Џастин Тимберлејк во видеоврска за Шоуто на Елен Деџенерис, говореше за своето второ дете со глумицата Џесика Бил, откривајќи го и името на вториот син – Финеас, роден во јули лани.
Инаку, Деџенерис е „првата вон семејството“ која дозна нешто повеќе за малечкото.
– Се вика Финеас. Тој е „закон“ и, многу е сладок… И не ни дава да спиеме… Воодушевени сме и не можеме да бидеме посреќни. Многу сме благодарни!, рече 39-годишниот глумец и пејач во најавата за емисијата.
Двојката од претходно го има петгодишниот Силас. Прашан – која е разликата меѓу две и едно дете, Тимберлејк се пошегува: „Не се гледаме повеќе“.
– Многу ни е забавно. Применуваш тактика – од зонска одбрана преоѓаш на човек на човек. И тоа, навистина брзо. Одлично е. Силас е доста возбуден… Во моментов многу му се допаѓа да биде поголемиот брат. Финеас сè уште не може да оди или да го брка брат му, па ќе видиме што ќе се случи, раскажува Тимберлејк.
Потоа тој откри дека поголемото дете сака видеоигри.
– Но, тој си игра и со Лего-коцки, и тенис. Му набавивме и „Нинтендо свич“. Детски работи…, вели пејачот.
Ново на Сител
-

ПМФЛ: Дербито во Битола без голови
-

Собранието изгласа, возачите со „Б“ категорија ќе возат и мотоцикли до 125 кубика
-

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле
-

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година
-

Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел
-

Пезешкијан го осуди кршењето на примирјето меѓу Иран и САД
-

Приведени тројца скопјани барани со потерница
-

Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл
