Џамбаски во коментар кај Заев: Делчев е Бугарин - Мицкоски одговори: ВМРО е Македонија а Делчев Македонец

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на роденденот на револуционерот Гоце Делчев го провоцираше премиерот Зоран Заев на Фејсбук. На објавата на Заев по повод роденденот, Џамбаски напиша коментар во кој вели дека Делчев бил Бугарин.
-Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација, напуша Џамбаски во коментар.
Меѓутоа, одговор на оваа провокација не доби од премиерот, туку од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
-Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не го брани македонските интереси јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев Македонец и тоа еден од најсветлите ликови во Македонија, му одговори Мицкоски.
Во објавата на Заев, тој напиша дека Делчев бил двигател на македонската револуционерна органзација и секогаш повикувал на сплотеност во политичките предизвици.
-Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност. Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. Идеалите и заложбите на овој великан се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ, напиша Заев на ФБ.
Ново на Сител
-

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
-

„Опен-АИ“: ВИ самостојно хакирала друга компанија
-

Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје
-

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
-

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
