Џафери во чест на Рамазан Бајрам: Да продолжиме по вистинскиот пат

Техничкиот премиер Талат Џафери упати честитка за празникот Рамазан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед.
-Посакувам Рамазан Бајрам да донесе здравје, мир, благосостојба и хармонија во душата, во семејството, во државата. Тоа е празник што ги обединува семејствата, блиските, пријателите, соседите низ векови, пренесувајќи ја вредносната порака дека само заедничката среќа носи вистинска среќа, истакнува Џафери во честитката.
Тоа е празник, како што посочува Џафери, кој поттикнува солидарност и духовна сила кај луѓето за меѓусебна почит, за трпение и разбирање, како единствен пат кон посакуваниот мир. Затоа, истакнува тој, да правиме добри дела, да бидеме секогаш еден до друг и со подадена рака еден кон друг да напредуваме сите заедно.
иВи посакувам добро здравје и сила за вршење на благородната мисија што ја имате, да ги упатите на прав и чесен пат припадниците на исламската вера. А ние, како политичари, уште посилно ќе го поддржиме градењето на нашата заедничка држава, исполнувајќи ги правата и обврските на секоја заедница, за продолжување на успешната приказна на мултиетничка држава во регионот, којашто во ова време на глобалните предизвици се покажа како исклучително неопходна за семејството на европски држави. И верувам дека ќе продолжиме така кон вистинскиот пат. Честит Рамазан Бајрам!, напиша Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.
Ново на Сител
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
