Џафери: Со воведувањето на нотаријатот се зголеми правната сигурност на граѓаните

Воведувањето на нотаријатот во Република Македонија како современа јавна служба воспоставена заради задоволување на потребите и правните интереси на граѓаните и другите правни субјекти позитивно се одрази врз целокупното функционирање на правниот систем, а особено влијаеше врз унапредувањето на превентивната правна заштита и зголемувањето на правната сигурност на граѓаните.
Ова го истакна денеска министерот за правда Валдет Џафери во обраќањето на манифестацијата „Нотарски денови“, организирана од Нотарската комора на Република Македонија.
Според Џафери, досегашната примена на Законот за нотаријатот покажа одредени слабости кои, како што додаде, ќе се надминат со новиот Закон за нотаријатот кој ќе започне да се применува следната година.
- Нотаријатот во Република Македонија функционира повеќе години, но тоа не значи дека во рамките на извршувањето на нотарската дејност повеќето од вас не се соочија со повеќе проблеми. Досегашната примена на Законот за нотаријатот покажа и одредени слабости кои ќе се надминат со новиот Закон за нотаријатот кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2017 година и се надеваме дека успешно ќе ја заврши својата работа на еден модерен и современ закон, истакна министерот за правда.
Џафери, како што соопшти Министерството за правда, се заложил за постојана поддршка на развојот на нотаријатот од легислативен, едукативен и функционален аспект, потенцирајќи го значењето на функцијата на нотарите за правниот систем на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
