Џафери на 15-тата Средба на Југоисточна Европа во Тирана
Средбите на Утринските молитви се инспиративна традиција која ги пренесува вредностите на вера, мир и љубов, и токму тоа се суштинските вредности кои се потребни на човештвото за успешно да се справи со глобалните предизвици на 21. век, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Првата сесија на 15-тата Средба на Југоисточна Европа што се одржува во Тирана, Албанија.
Факт е, додаде, дека секој ден сѐ повеќе се создава глобален контекст на човековата егзистенција, било во економски, политички, културен или религиски контекст.
- Затоа, ценам дека Молитвениот појадок е можност за размена на искуства, ставови или наши убедувања во однос на актуелните глобални развои и предизвиците што тие ги носат, како и истовремено да ја изразиме нашата благодарност за благосостојбата, пријателството и реципрочната соработка. Се радувам што Молитвениот појадок оваа година го допира прашањето на љубовта и почитта кон соседот, затоа што Република Македонија со формирањето на новата Влада, е ориентирана токму кон градењето на меѓусебното разбирање и добрососедските односи, рече Џафери.
Потсети дека Македонија веќе потпиша Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија и ги интензивира разговорите со Грција за проблемот со името, а со другите соседни држави иницира реципрочни посети.
- Ценам дека сега повеќе од кога било нашиот регион има потреба од економска и политичка стабилност, и тоа може да се постигне само преку меѓусебна соработка, како на билатерален, така и на мултилатерален аспект. Последните глобални предизвици кои ги опфатија нашите држави, како што беше бегалскиот бран и последните позитивни политички развои, се доказ повеќе дека нашите земји од ден на ден чекорат сигурно кон вратите на Евроатланската интеграција, потнцира Џафери.
Почсочи дека со меѓусебна доверба и почитувајќи го диверзитетот како најголемо богатство што го поседуваат, земјите од регионот ќе успеат побрзо да ги исполнат заедничките стратешки цели, интегрирањето во Европската унија и НАТО.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка