Ѕанакопулос: Не постојат притисоци врз Грција за прашањето за името
Не постои никаков притисок врз грчката страна за прашањето за името, вели портпаролот на владата на Грција Димитрос Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописникот на МИА од Атина.
- Она што треба да разбереме е дека во конкретното прашање постои можност, во овој момент, Грција и соседната земја да најдат заедничко компромисно заемно прифатливо решение кое ќе направи добро и за двете земји, но и за Балканот во целост, бидејќи ќе ја промовира, ќе ја зацврсти стабилноста во поширокиот регион, вели Димитрос Ѕанакопулос.
Во однос на позицијата на коалициониот партнер во владата Панос Каменос, кој во средата од грчкиот парламент порача дека не се согласува со тоа како владата управува со прашањето со името и дека ќе направи сѐ „да не се даде името Македонија“, Ѕанакопулос вели дека треба да се почека, да се види крајниот предлог за решение, па дури потоа да се коментира.
- Каменос го изрази неговото мислење за конкретното прашање. Министерот за надворешни работи и премиерот имаат изјавено која е позицијата на владата и со кои позиции Република Грција доаѓа во преговорите. Сметам дека треба да бидеме трпеливи, да видиме на крај кој ќе биде предлогот за решение до кој ќе стигнат политичките раководства на министерствата за надворешни работи и премиерите, а потоа сите да излеземе со ставови, коментира Димитрис Ѕанакопулос.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024