Дводневно заседание на ЕП, на агендата Газа, ЦБАМ, руските енергенси и единствениот пазар

Случувањата во Газа, еколошкиот механизам ЦБАМ, планот за постепено исфрлање од употреба на руските енергенси и Стратегијата за единствениот пазар на ЕУ ќе бидат главните теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Брисел.
Сесијата почнува попладнево со дебата на европратениците со претставници на Советот на ЕУ и на Европската комисијата за одговорот на Унијата на планот на израелската Влада за заземање на Појасот Газа, за обезбедувањето ефикасна хуманитарна поддршка за цивилното населени и за ослободување на заложниците.
Во продолжение европратениците ќе расправаат за новата Стратегија на Европската комисија за единствениот пазар на ЕУ, по што ќе следи дебата за измените на Регулативата за поедноставување и зајакнување на Механизмот за прилагодување на јаглеродните ограничувања (ЦБАМ), со кои се превидува намалување административниот товар за малите бизниси и повремените увозници, без отстапување од еколошките цели на блокот. За измените европратениците ќе се изјаснат утре.
По ова е предвидена расправа за предлогот на ЕК за постепено исфрлање од употреба на рускиот гас, нуклеарна енергија и нафта, со осврт и на гасоводот „Северен поток“ и енергетскиот суверенитет на ЕУ, а за крај на денешното заседание е оставена дебатата за подобрување на менталното здравје на работа.
Утрешната парламентарна сесија ќе започне со дебата меѓу европратениците и претставниците на Советот на ЕУ и ЕК за начините како Европа да се направи попривлечна за научниците, во услови кога мерките на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп влијаат врз американските универзитети и академската слобода.
По ова европратеникот Георге Фалка ќе ги информира своите колеги за Извештајот на парламентарниот Комитет за петиции во 2023 година.
За крај на заседанието се предвидени гласања по повеќе предлози, меѓу кои и за веќе споменатите измени на Регулативата за ЦБАМ, за измена на царинските давачки за увоз на одредени стоки од Русија и Белорусија, за Програмата за истражување и обука на Евроатом за периодот 2026-2027 година, како и за избор на членовите на Судот на ревизори на ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
