Движење БЕСА: Граѓаните кои излегоа на референдум се изјаснија за НАТО и ЕУ
Лидерот на Движењето БЕСА Африм Гаши вечерва на прес-конференција во Скопје оцени дека изборниот ден, со мали забелешки, поминал на најдобар можен начин и граѓаните имале можност да ја изразат слободно својата волја. Одговорот ДА на референдумот бил аппсолутен за ЕУ и НАТО и најави дека остануваат посветена на евро-атлантската агенда и ќе продолжат да го подржуваат процесот, кој сега ќе се одвива во државните институции, во Собранието и во Владата.
- Им се заблагодаруваме на сите граѓани кои се одѕваа на повикот за референдум, потврдувајќи притоа голема граѓанска одговорност и зрелост за значајниот момент во кој се наоѓа државата. Исто така им се заблагодаруваме и на сите активисти на Движењето БЕСА кои денес беа максимално активни, пружајќи им помош на граѓаните да имаат можност да се изјаснат на овој референдум. Како што може да се види од првите податоци, таму каде што Движењето БЕСА ги има своите традиционални гласачи, и излезноста беше над 50% и одговорот ДА на овој референдум бил апсолутен, рече Гаши и упати честитки до Државната изборна комисија, безбедносните органи и органите на правдата.
Според него, денеска уште еднаш се потврдило тоа што, вели како политичка партија, но и како Албанци, го истакнале дека недостатокот на еден коректен попис на населението ќе остави последици и на избирачкиот список. Од друга страна, посочи и на непрочистувањето на избирачкиот список, и на просечниот праг, кој вели, бил кренат толку високо, што било тешко веројатно дека може да се постигне.
- Во една држава во која службените цифри покажуваат стотици илјади иселеници само во последните 15 години, да се тврди дека 903.000 е 50% од гласачите, беше речиси утопија. Затоа, овој референдум е уште еден патоказ за тоа што треба да направиме како држава и како општество и неопходноста за спроведување на попис на населението и прочистување на избирачкиот список, рече Африм Гаши.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања