Македонија
2. March 2017 - 12:13

Две момчиња брутално претепани во слаткарница во Аеродром

Вчера околу 22.20 часот во Скопје на ул. „Владимир Комаров“, во слаткарница Ф.Ц.(19) и А.М.(20), без повод и причина, физички биле нападнати од страна на пет-шест непознати машки лица, кои биле гости во слаткарницата. Ф.Ц. и А.М. биле пренесени во болницата „РеМедика“, каде од страна на лекар кај Ф.Ц. се констатирани тешки телесни повреди.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.