Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
Две лица од селото Долно Јаболчиште, општина Чашка денеска се приведени откако во нивниот дом полицијата пронашла ловечки пушки „Бајкал“ и „Црвена Застава“, карабин „Хемерлес“, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол „ЦЗ- 99“, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин „Црвена застава“- расклопен на делови и карабин без ознаки. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.
- Денеска (09.02.2025), полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“, ловечка пушка „Црвена Застава“, карабин „Хемерлес“, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол „ЦЗ- 99“, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин „Црвена застава“- расклопен на делови и карабин без ознаки, се посочува во соопштението од полицијата.
Исто така, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес и во домот на Џ.З.(44) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и 20 патрони за пушката. И за овој случај бил известен јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода