Две гостиварки се борат за живот, се затруле од печурки

Две гостиварки паднале во бесознание откако најверојатно вчера се затруле со отровни печурки. Тие уште соноќа биле пренесени на Скопските клиники, каде докторите се борат за нивните животи.
Според информации на СВР Тетово, синоќа околу околу 18 часот и 30 минути, во Гостиварската болница биле донесени К.П. (67) и нејзината снаа К.П, (30) од населбата Циглана 2. Постарата жена била во бесознание, а другата видно зашеметена. Таа успела да објасни дека претходно собирале, а подоцна и јаделе печурки. Набрзо потоа имале и нагон на повраќање и болки.
Заради сериозноста на здравствената состојба, по првата помош, тие се пренсени на Скопските клиники и според последните информации не се контактабилни.
Се претпоставува дека труењето настанало од конзумирање на печурката аманита.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
