Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација

Инцидент во такси возило во Тетовско пријавил 20-годишен жител, кој навел дека неговата девојка и нејзината 16-годишна другарка биле изложени на непримерно однесување од страна на возачот, по што успеале да излезат од возилото во движење и да побараат помош.
Според пријавеното, на 4 август околу 16:30 часот, во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И. (20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од село Пршовце, Тетовско, се превезувале со такси возило.
За време на превозот, според нивните наводи, возачот започнал да се однесува непримерно, а потоа не го запрел возилото и не ги однел на локацијата која ја побарале.
Двете девојки, според пријавата, успеале да скокнат од возилото додека тоа било во движење, по што побарале помош.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи – Тетово.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
