Дванаесет турски војници ранети во експлозија во југоисточна Турција
Дванаесет турски војници се ранети во експлозија на рачно иработена бомба во една зграда во местото Нусајбин, во округот Мардин, во југоисточна Турција, во која силите за безбедност изведувале акција, информира весникот „Милиет“.
Експлозивната направа во зградата ја поставиле терористи, посочува весникот, алудирајќи на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).
Весникот прецизира дека во Нусејбин и натаму траат акциите на силите за безбедност, каде од 14 март е во сила полициски час.
Безбедносните сили акцијата ја презеле во една зграда во квартот во кој попладнево имало жестоки борби.
Во експлозијата биле ранети 12 војници, кои се нашле под урнатините на зградата. Ранетите се сместени во болница, а состојбата на едникот од нив е тешка.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива