Двајца возачи загинаа во сообраќајката на патот Неготино – Демир Капија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.
Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи“, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и возачот на автомобилот „голф 3“ , 51-годишен жител на Неготино.
По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Местото на сообраќајната несреќа е фотографирано, скицирано и издадена е наредба за сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата, информираат од ОЈО Кавадарци.
Ново на Сител
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
