-->
-->
Двајца турски војници убиени во судир со борците на ПКК во Турција
-->
Двајца турски војници загинале во судир со борци на Курдската работничка партија (ПКК) во округот Шарнак во југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ.
Во текот на операцијата на турските сили против групацијата дошло до престрелка, во која тешко биле ранети двајца војници.
Тие се однесени во болница со хеликоптер, но лекарите не успеале да им ги спасат животите.
ПКК се смета за терористичка организација од Турција, Европската унија и САД. Таа води војна против турската држава од 1984 година во која досега загинаа над 40 илјади лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена